Луѓето после обилен оброк, најчесто ручек, се релаксираат, седат, лежат, гледаат серија и слично, па мал е бројот на оние кои се одлучуваат за прошетка.
Во ова истражување е заклучено, дека прошетка во траење од 15 минути им помага на возрасните лица со дијабетес тип 2, во спречување на растот на нивото на шеќери во крвта.
Луѓето после најобилниот оброк обично седат или дури лежат, а тоа може да доведе до значително зголемување на глукозата во крвта и тоа ниво да се задржи со часови.
Поради тоа, важно е да прошетате. Според истражувањето објавено во Нов Зеланд, нашите мускули се активираат при прошетка и користат глукоза за енергија, а така се намалува и нејзината циркулација во организмот.
Сега знаете колку е корисна прошетката после обилен оброк, па ништо не ве спречува тоа да го применувате.
извор: слободенпечат.мк