Колку и да се грижиме за косата, стресот и диетите во кои недостигаат важни минерали и витамини ја влошуваат нејзината состојба. Подготвени сме да ги испробаме сите лекови кои се борат со опаѓањето и ќелавоста. Некои помагаат, но не смееме да заборавиме дека има и природни производи, кои исто така се грижат за здравјето на косата и скалпот.
Веројатно сте слушнале дека лукот и кромидот помагаат при губењето на косата. Кромидот е богат со витамин C, витамин B6, калциум, магнезиум, калиум и најважно сулфур. Високите нивоа на сулфур во него помагаат за регенерацијата на фоликулите на косата.
Правете ги овие маски двапати неделно барем еден месец за убава и здрава коса.
Маска 1
Исечете една глава кромид. Истискајте го нејзиниот сок и кон него додадете 3 лажици кокосово масло или маслиново масло. Нанесете на скалпот со масажни движења и оставете да делува 30 минути. Измијте ја главата со соодветен шампон.
Маска 2
Земете го сокот од една глава кромид. Кон него додадете лажица мед и лажица маслиново масло. Промешајте ги добро состојките и нанесете ги на скалпот. Маската повторно треба да отстои 30 минути, а потоа измијте ја косата со соодветен шампон.
Само по неколку недели ќе забележите колку жива изгледа вашата коса.