Социјалните мрежи се повеќе преставуваат место каде луѓето се претставуваат во различно светло, се повеќе ги следат модните трендови.
Ако сите луѓе би биле исти и наликуваат едни на други, тогаш ќе биде многу досадно.
На „Инстаграм“ има пет девојки кои ги срушија стереотипите за убавина. Односно за нив луѓето велат дека се грди, а тие се вистинки фаци на „Инстаграм“.
Софија Хаџипантели
Кипарскиот модел поради нетипичната убавина и нејзините веѓи светски дизајнери сакале да соработуваат со неа. Имено, модните куќи сметаат дека Софија е една од оние девојки која ги руши стандардите на насловните страници.
Свантје Паулина
Паулина никогаш не ги криела своите недостатоци на „Инстаграм“. Таа е горда на мајката природа.
Ем
Девојка која има витилиго на социјалните мрежи остава најдобри мотивациски пораки и афирмации. Девојките од целиот свет се инспирарни од нејзиниот позитивен став.
Табриа Мајорс
Плус сајз моделот покажа дека сексипилот нема никаква врска со ангелите на „Викторија сикрет“.Табриа заедно со своите пријатели има чест да ги охрабрува младите луѓе да бидат она што сакат.
Луна Шулце
Луна поради своите заби долго време не се смеала пред други луѓе. Нејзинаот „недостаток“ всушнот е нејзина најголема предност бидејќи е ангажирана како модел на „Unique“ магазинот.