Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон со сопругот, принцот Вилијам, се појави на БАФТА наградите во Ројал Алберт Хол во Лондон.
Кога е изгледот во прашањ, таа се одлучила за бела тоалета со потписот на Александар Меквин, а со тоа ги воодушеви присутните и медиумите. Британските медими пишуваат дека Кејт едноставно била во фокусот на вниманието.
Дополнителни поени во медиумите Кејт доби заради фактот дека нејзиниот фустан е инспириран од оној што принцезата Дијана го носеше на концерт во Ројал Алберт Хол во 1991 година.
Романтичниот фустан како венчаница комбинираше со потпетиците на Џими Чу, и алка која и припаѓала на кралицата мајка Елизабета.
View this post on Instagram
Кејт ги носеше и обетките на принцезата Дијана, кои секако не останаа незабележани.