Според СЗО, осум од 10 лица се соочуваат со недостаток на железо во крвта и поради тоа имаат неправилен транспорт на кислород до сите клетки во телото.
Жените треба да внесуваат 18мг железо дневно, додека на мажите им се потребни 8мг.
Знаци по кои ќе препознаете дека имате недостиг на железо се постојаната измореност, недостиг на енергија, краток здив, особено кога се качувате по скали или кога вежбате, бледо лице и немирни нозе.
Исто така, може да почувствувате и главоболка и вртоглавица, проследени со промени во расположението и намалена концентрација дури и при најлесни задачи.
Кршливите нокти, отекувањето на јазикот, но и сувата кожа и коса, а во посериозни случаи и нејзино опаѓање исто така се симптомите кои треба да ви укажат што побрзо да направите крвна слика и да почнете со лечење на својот здравствен проблем, пред да стане посериозен за вашето здравје.