Радио Милева

(ФОТО) За сефте во кафеана по породувањето: Сани го распушти фамозното деколте!

(ФОТО) За сефте во кафеана по породувањето: Сани го распушти фамозното деколте!

Иако неодамна се породи и на свет ја донесе својата втора ќерка Ева, фолк пејачката Сани Гроздановска нема време за чекање.

Бебенцето е многу мало, но мама Сани знае добро да се организира и да им се врати на работните ангажмани.

Неодамна на социјалните мрежи откри дека се подготвува кај козметичар за својот камбек, а пак деновиве објави прилично голема агенда со настапи во текот на празничниот период кој следи.

Сани веќе е на позиција и тоа како што сите се навикнати да ја гледаат. Трудничките денови ги остави зад себе, широката гардероба ја спакува за некои други денови, па повторно им се врати на фамозните деколтеа по кои е позната.

Па така, овој пат за настапот во една скопска кафеана, избра сребрена деколтирана блузичка од која го „распосла“ својот раскош.

Со полно срце и секако џеб, Сани по работата, дома има цело богатство кое ја прави силна, издржлива и полна со љубов и мотив за предизвиците пред себе.

To top