Додатоците во исхраната можеме да ги најдеме во многу облици – таблети, капсули, прашок и слично. Но дали се навистина неопходни за нашето здравје? Некои нутриционисти сметаат дека одговорот е не.
Додатоците во исхраната, како што кажува и нивното име, ја дополнуваат храната со материите неопходни за живот и за одвивање на метаболичните процеси. Овде спаѓаат витамини, минерали, аминокиселини, белковини, масни киселини.. Тие можат, но и не мора да бидат со витамински или минерален состав. Во оваа група додатоци во исхраната спаѓаат и протеинските прашоци.
Додатоците во исхраната од овој тип се хранливи материи и може да постои недостаток од нив во секојдневната исхрана. Поради ова некои нутриционисти сметаат дека треба да се додаваат во форма на таблети, капсули и слично.
Но, здравите луѓе нема да бидат заштитени од болести доколку земаат од овие додатоци бидејќи урамнотежената исхрана има сè што му е потребно на телото.
Додатоците во исхраната не се хранлива алтернатива. Доколку изедете една пиперка, во организмот ќе внесете многу повеќе од витамин Ц. Во пиперките има фолна киселина, витамин Б, магнезиум и железо. Нема причина да мислите дека во овошјето и зеленчукот нема доволно од хранливите материи што ни се потребни.
Доколку јадете разновидна свежа храна, вашиот организам ќе биде добро опремен со сè што му е потребно. Исклучоци се само постарите луѓе кои не се движат доволно, трудниците, доилките и доенчињата.
Додатоците за исхрана можат да им бидат потребни и на луѓе кои боледуваат од разни болести, имаат некоја нетолеранција на храна или се вегани. Доколку сепак земате додатоци во исхраната, никогаш немојте да ги земате на своја рака. Секогаш консултирајте се со нутриционист, лекар или фармацевт.
извор:кафепауза.мк