Вебкам девојка, која тежи 210 килограми открила како заработува богатство јадејќи 10.000 калории дневно пред фановите кои ѝ плаќаат за тоа.
Аманда Фаје (25) го користи својот огромен апетит за да им наплати по 76 фунти на фетишистите кои ја гледаат додека внесува огромна количина храна и газирани пијалоци преку инка, пренесува The Sun.
Нејзиното шоу е популарно благодарение на фетишот познат како feederism, кој еротизира јадење и добивање на тежина. Нејзините „pay-per-vide“ снимки често вклучуваат „жонглирање со сало“, а за фановите се соблекува и топлес и ги исполнува сите други фетиши поврзани со дебелината.
View this post on Instagram
Девојката од Калифорнија обично снима три такви видеа дневно, а за гледачите кои се подготвени да платат повеќе, исполнува и посебни барања. Вели дека на дневна база добива „еден тон хејтови“, но додава дека нашла начин како да гледа позитивно на тоа.
Аманда вели дека поради вишокот килограми се чувствува среќно – и физички и сексуално.
View this post on Instagram
Откако во еден период загубила 40 килограми, како што вели, сфатила дека тоа го направила само за да се вклопи меѓу луѓето околу себе и дека многу подобро се чувствува кога е поголема.
Иако од некои клиенти добивала чудни барања, вели дека имаат почит за нејзината тежина.
View this post on Instagram
Аманда и на Инстаграм ја следат повеќе од 50.000 луѓе.