Живот и Стил

Маслото од оваа билка ја отстранува главоболката за помалку од една минута

Маслото од оваа билка ја отстранува главоболката за помалку од една минута

Силната болка на едната или двете страни, чувствителност на светлина, гадење и слабост се некои од последиците од сериозна главоболка.

Мигрените и главоболките почнуваат да претставуваат проблем за се повеќе луѓе и целосно да го блокираат нормалниот секојдневен живот.

Сара Кристал, невролог и специјалист за мигрена, тврди дека повеќето главоболки се резултат на стрес, промени во биоритмот, хормонален дисбаланс и прекумерни количини на кофеин. Дополнително, исхраната полна со чоколадо, сирење, нитрати и адитиви исто така може да претставуваат причина за болка. „Причините за мигрена често се генетски. Секоја личност има сопствен причинител и поради тоа не постои универзално решение за мигрената“, тврди за Woman’s Health.

Затоа лекарите препорачуваат лекови, но исто така и природни решенија.

Еден од алтернативните начини за лекување е есенцијалното масло од нане, тврди Кристал, додавајќи дека ментолот е активна состојка во етеричното масло од нане и докажано помага во ублажување на главоболките.

Истражувањето од 2015. година, објавено во Frontiers in Neurology, сугерира маслото од нане да се користи за масажа за отстранување на мигрена:

  1. Растворете неколку капки етерично масло од пеперминт во друго масло како на пример кокосово
  2. Масирајте со маслото на слепоочниците и на челото, користете кружни движења
  3. Масирајте 1 минута

Во случај масажата да не ви помогне, д-р Кристал ви предлага да ставите неколку капки есенцијално масло на марамче и длабоко да вдишете или да ставите ладна облога со маслото на чело.

извор:попара.мк

To top