Од крајот на месец декември, пе се до почетокот на месец февруари, фолк пејачката Елена Велевска беше на голема турнеја низ Америка.
Од Охајо, Њу Џерси, Детроит, па се до Мајами и Чикаго…
Велевска пееше пред нашинците кои секогаш во огромен број ги посетуваат настапите на нашите пејачи и им ги полнат срцата.
По два месеци таа се врати на домашен терен и тоа за роденденот на нејзината мајка.
А што може да биде поубав подарок за една мајка од тоа нејзиното дете да биде до неа – особено кога не го видела подолго време.
По повод роденденот и враќањето на Елена, тие се собраа во ресторан каде наздравија за она што го имаат и што се имат еден за друг.
-Најубавиот подарок за роденденот на мојата мајка е моето враќање од големата америчка турнеја.Среќен роденден мамо,биди секогаш убава и горда како што си, напиша Велевска во описот на фотографија каде е во друштво на своите родители и својата најмалечка ќеркичка.
фото:fejsbuk/instagram/elenavelevska