Сузана Гавазова неодамна за српскиот пазар ја издаде својата нова песна „Хало“ која има одличен фидбек кај публиката.
Текстот на песната го пишувал Драган Брајовиќ Браја, а видео спотот за истата нумера бил под палката на Харис Дубица.
Имено, во емисијата „Гранд магазин“, Сузана откри дека до сорабтока со Дубица дошло така што пејачката ги гледала спотовите на Лепа Брена која исто така соработува со босанскиот режисер.
„Ги гледав спотовите од Лепа Брена и секогаш велев тоа се вистински песни, вистински спотови. Тие спотови имаат некаква душа. Мојот сопруг е од Босна и ми кажа „ајде да видиме кој ги правеше тие спотови“. Тој виде дека тоа е Харис Дубица и истакна дека е човек од неговата земја. Ја видовме целата организација и луѓето кои работеле на тие спотови и најдовме контакт. И одлучивме да соработуваме со Дубица и да направиме спот“ вели Гавазова.
Сузана истакна дека е презадоволна, а видео записот за повеќе од еден месец има повеќе од 400 000 прегледи на „Јутуб“.
Пејачката најави дека во следниот период исто така ќе сними нови песни.
Дали Гавазова ќе ја продолжи соработката со Дубица и ќе пронајде уште некоја инспирација во Лепа Брена, останува да видиме.