Шпанија и официјално има најубави плажи на светот, со оглед на тоа дека во 2018-та година стана побогата за уште 11 плажи кои имаат сино знаме.
Шпанија е дефинитивно светски лидер кога е квалитетот на плажите во прашање, па така има дури 696 плажи со сино знаме.
Грција, Франција, Турција и Португалија се под Шпанија на оваа листа со најубави плажи на светот.
Но, што всушност значи синото знаме?
„Сино знаме“ за плажи и марини е меѓународен еколошки стандард за квалитетот на морето и крајбрежната средина. Секоја година се доделуваат на плажи и марини кои ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди со 33 критериуми.
извор: точка.мк