Дали ви е познато она чувство кога и по неколку пати на ден го отворате фрижидерот, без воопшто да сте гладни? Едни од најголемите противници на нашата витка линија се стресот и досадата, кои пак, нè водат кон храната. Така, наместо 5 здрави оброци во текот на денот, ние имаме 7 нездрави. Овој феномен, со кој секоја жена барем еднаш во својот живот се соочува, се нарекува емоционален глад и има свои симптоми кои мора да се препознаат навреме, со цел да се заштитите од несаканите последици.
Иако звучи чудно, сепак луѓето најретко јадат кога се навистина гладни. Многу често ќе забележите дека тие јадат затоа што им досадно, затоа што се под стрес или затоа што едноставно не знаат што друго да направат. Колкупати сте гледале серија или филм јадејќи чипс или пуканки, а колкупати без? Сето ова се припишува на емоционалното прејадување, кое води кон голем број несакани килограми.
Не за џабе се вели дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Навистина е важно да препознаете зошто сте посакале да грицкате, дали навистина сте гладни или само ви е здодевно. За вашето здравје, како и за физичкиот изглед, важно е да знаете кога сте навистина гладни, а кога треба едноставно да си кажете дека е доволно.
Емоционалното прејадување често се случува во неуспешните периоди од нашиот живот. Најчесто се поврзува со благата депресија, по раскинување или отказ од работа, но може да биде и како последица на некои неуспешни настани, по кои се „наградуваме“ со вкусна, но нездрава храна. Стресните ситуации предизвикуваат потреба за блага храна, која во тој момент, барем на кратко, нè прави среќни и ни го оттргнува вниманието од вистинскиот проблем што нè мачи. Ваквото однесување без сомнение е тоа што ни носи несакани вишок килограми.
Па, како да му ставите крај на овој проблем?
Кога ќе чувствувате желба за храна, застанете и размислете кога последен пат сте јаделе и дали сте навистина гладни. Доколку сфатите дека станува збор за „лажна глад“, одложете го оброкот за некој час. Можеби во тој момент ќе почувствувате мала нервоза, но ако ја пронајдете соодветната обврска за да си ги одвлечете мислите од храната, проблемот брзо ќе замине.
Уште еден начин на кој можете да се справите со овој проблем, е однапред да ги испланирате оброците и времето во кое ќе јадете. Така точно ќе знаете кога чувствувате емоционален глад, а кога вистински, бидејќи ќе знаете точно кога и што треба да јадете.
извор: пулс24