Според новите правила на вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“ кандидатите кои ќе добијат 3 или 4 гласа постои можност да поминат, оние кои ќе добијат 5 или 6 поминуваат директно во третиот круг, а кандидатите со 1 или 2 гласа го напушаат музичкото натпреварување.
Во највата за новата емисија може да погледнете каков хаос владеел на снимањето.
Јелена Карлеуша го молила жирито да нејзиниот кандидат добие уште еден глас за да може да оди во следниот круг.
Дури таа сама го претиснала тастерот на Шерифовиќ за да кандидатот има доволно гласови.
Меѓутоа, Марија Шерифовиќ бесна викала на пејачката и го напуштила студиото.
„Што се молиш за луѓето? Што сакаш? Се молам ли јас за моите?“ викала Шерифовиќ.
„Сакам три гласа“ одговори Карлеуша.
Откако Марија ја фрлила бубицата, Поповиќ побеснал и почнал да вика.
„Зарем мислите дека ова е зае**нција?Дека вложивме милиони за да се за***вате?“ викал директорот на „Гранд“.
Највата за целата емисија може да ја погледнете во видеото подолу.