Причините за прекин на љубовните врски можат да бидат разновидни, а често и многу неразумни. Сепак, голема улога во тоа има карактерот на една личност, односно хороскопскиот знак.
Овен – посесивност
Независните Овни тешко поднесуваат посесивни партнери со кои се чувствуваат заробено. Овните не сакаат да се откажат од својата слобода и нема да толерираат некој „да ги гуши“, дури и тоа да е во љубовта.
Бик – непочитување
Гордите Бикови од другите очекуваат да ги ценат и почитуваат, а оние кои не сакаат да го направат тоа, не заслужуваат место во нивниот живот. Дури и да сакаат некого премногу, нивните чувства се многу повредени ако забележат дека другата личност се однесува како да не ги почитува.
Близнаци – резервираност
Луѓето родени во овој знак сакаат често да излегуваат и да се дружат. Некој кој е повлечен е неинтересен за нив. Таквата личност тешко може да ги следи и не одговара на нивната личност.
Рак – затвореност
Емоционалните Ракови сакаат да ги покажат своите чувства и од партнерот очекуваат исто. Исто така, тие не сакаат тајни и сакаат се да делат со личноста со која се во врска. За нив, емоционално затворените и резервирани личности едноставно не се интересни и тие не знаат како да се постават кон нив.
Лав – срамежливост
Лавовите обожаваат да се во центарот на вниманието и не сакаат да се откажат од тоа, поради срамежлив партнер. Тие покрај себе сакаат самоуверена личност која се осмелува да ги засени, бидејќи сакаат предизвици.
Девица – пасивност
За амбициозните Девици, во животот најважни се кариерата и успехот. Затоа, со оние кои не се амбициозни, односно кои се пасивни, не можат да најдат заеднички јазик, па врската со таквите луѓе прави да се чувствуваат несреќно и несфатено.
Вага – негативност и песимизам
Вагите гледаат на светот низ розови наочари и сакаат да бидат окружени со слични луѓе кои дополнително ги полнат со позитивна енергија. За негативноста и драмата во нивниот живот нема место, како ни за луѓето кои го носат тоа со себе.
Шкорпија – неискреност
Шкорпиите не поднесуваат лаги. Лажењето, за нив е една од најлошите човечки особини, а кога партнерот ќе го фатат во лага, тоа за нив е крај на врската.
Стрелец – мрзеливост
Родените авантуристи – Стрелците се секогаш подготвениз а некоја акција и сакаат тоа да го искористат секој ден. Партнерот кој не може да ги следи, тешко ќе издржи покрај нив. Тие не сакаат досадни и мрзеливи луѓе кои ги кочат во животот.
Јарец – неодговорност
Оние кои се родени во знакот Јарец се одговорни личности кои не се најпопуларни во своето друштво, но тоа воопшто не им е важно. Ако мораат да го трпат детинестото однесување на своите пријатели, тоа не го сакаат од партнерот. Јарците воопшто не толерираат неодговорност.
Водолија – практичност
Водолиите се родени сонувачи кои никогаш нема да пораснат. За нив, практичните и реални луѓе едноставно не се интересни. Не сакаат кога некоја сака да ги спушти на земја, веднаш ја прекинуваат таквата врска.
Риби – нечувствителност
Емоционалните Риби обично ги кријат своите чувства од другите, но затоа бараат партнер со кој ќе можат целосно да се отворат. Тие ги одбиваат луѓето кои се емоционално недостапни и кои немаат разбирање за туѓите чувства.