Радио Милева

„Ти си сине лудило“: Филип Пецовски со енергичен настап го запали студиото на „Гранд“ (видео)

„Ти си сине лудило“: Филип Пецовски со енергичен настап го запали студиото на „Гранд“ (видео)

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Филип Пецовски од Скопје.Во првиот круг, Филип се претстави во одлично светло и публиката ја воодушеви со својот енергичен настап.

Тој за ментор ја одбра Јелена Карлеуша со која деновиве работеше на негово претставување во вториот круг.

Во саботата, тој се претстави со песните „Уби ме ти“ од Бобан Рајовиќ и „Лагала нас мала“ од Тони Цетински.

Карлеуша седеше на столчето до Поповиќ и го следеше енергичниот настап на Филип.

Тој со своите интерпретации ја крена публиката на нозе и направи вистинска атмосфера.

Пецоски освои вкупно пет гласа и директно помина во следниот круг.

Вики Миљковиќ беше единствена која не даде глас и го критикуваше дека тој е вистински шоумен, но дека пеењето не било најдобро.

Џорџе Давид истакна дека во баладите не треба да ја троши својата енергија, тоа да го чува за некоја брза песна.

„Ти си роденa ѕвезда, тоа е сигурно. Јас често внимавам на пеењето, но првпат целиот настап да те надмине пеењето и се. Ти си сине лудило, одиме понатаму“ истакна Босанац.

Марија не беше задоволна од пеењето на Филип, но истакна дека тој знае да прави шоу.

„Ако сме реални, овој кандидат да е последен на светот не би му дала глас. Меѓутоа, ти припаѓаш на онаа група изведувачи кои спаѓаат во групата на забавувачи. Сите ние секогаш да се забавуваме. Мене тоа ми се допадна и секоја чест“ вели Шерифовиќ.

Како Филип ќе се претстави во третиот круг останува да видиме.

To top