Зорица Брунцлик жестоко распали по Јелена Карлеуша. Имено, на фолк пејачката не и се допадна тоа што Карлеуша реагираше на една кандидатка која сакаше да пее нејзина песна.
Имено, фолк пејачката на својот „Инстаграм“ сподели видео каде што Карлеуша ја критикува кандидатката зошто сака да пее песна од Брунцлик.
„Зошто тоа? Зарем може и Марковиќ? Сега да се ударам по глава.Ја сакаш Зорица Брунцлик?“ изјави Карлеуша.
Брунцлик не остана должна и одговори на Карлеуша:
„Јелена, ти знаеш се да правиш, освен да пееш. Во иднина кога ќе го спомнеш името и делото на Зорица Брунцлик да станеш и да се поклониш.Ќе ти кажав срам да ти е,но очигледно не знаеш што значи да се срамиш“ напиша Зорица.
За потсетување, Јелена и Брунцлик и претходно имаа конфликти.