Живот и Стил

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак ќе има кризи во бракот, а еве што ги очекува стрелците

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак ќе има кризи во бракот, а еве што ги очекува стрелците

ОВЕН

Работa: За вас овој ден е многу поволен и можете да очекувате разрешување на некои дилеми околу работата.

Љубов: Доаѓате до интересно познанство кое што би можело да прерасне во нова љубовна врска.

Здравје: Полни сте енергија.

БИК

Работа: До крајот на денот ќе имате некои изненадувања на работното поле. Можно е многу работи да не одат онака како што сте посакувале.

Љубов: Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за такво нешто.

Здравје: Несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Потрудете се да исправите некои грешки кои сте ги правеле на ова поле, доколку сакате да го задржите своето работно место.

Љубов: Не сакате да се откажете од врска во која што сте, иако околностите се многу тешки.

Здравје: Проблеми со нозете.

РАК

Работа: Ќе направите се што можете за да ги подобрите околностите на вашето работно место.

Љубов: Може да очекувате интересно познанство со личност која ќе покаже дека со вас посакува да оствари врска.

Здравје: Внимавајте на внес на шеќери.

ЛАВ

Работа: Разочарани сте и не ви е лесно да се свртите кон работата на вистински начин.

Љубов: Можеби ве оптоваруваат разговорите со саканата личност. Имате впечаток дека таа е расположена за поплаки.

Здравје: Хроничен умор.

ДЕВИЦА

Работа: Немојте да ризикувате било што на работа денеска, затоа што може да доживеете загуба или штета.

Љубов: Можеби саканата личност не ви подарува доволно внимание и се чувствувате запоставени.

Здравје: Чувствителен кардиоваскуларен систем.

ВАГА

Работа: Не е поволен ден за продажба, купување или било каква трговија, трансакции. Избегнувајте поголеми потези на ова поле.

Љубов: Доколку сте во брак, со саканата личност ќе имате криза.

Здравје: Стомачни проблеми.

ШКОРПИЈА

Работа: Можно е да имате доста стрес околу работата и само малку ќе го решите во текот на денот.

Љубов: Вашето импулсивно однесување ќе донесе големи проблеми со саканата личност.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Финансиите не ви се стабилни и имате потреба по тоа прашање нешто сериозно да менувате.

Љубов: Не сте сигурни во своите чувства. Пред вас е период во кој можете да имате проблеми со саканата личност.

Здравје: Внимавајте на штитната жлезда.

ЈАРЕЦ

Работа: Нема да успеете да ги остварите своите идеји денеска, затоа што немате адекватна поддршка за такво нешто.

Љубов: Делувате незаинтересирано и партнерот ви префрла дека не му се посветувате доволно.

Здравје: Главоболка и умор.

ВОДОЛИЈА

Работа: Загрижени сте за развојот на ситуацијата на работното поле и имате вшечаток дека можеби некои работи се кријат од вас.

Љубов: Ви се чини дека партнерот е се поладен, и никако не успевате да откриете зошто така се однесува.

Здравје: Можна депресија.

РИБИ

Работа: Можно е денеска да немате добар однос со колегите, а во текот на денешниот ден дури е можна и караница со некој од нив.

Љубов: Сакате нови познанства, но не сте подготвени сосема да се ослободите.

Здравје: Проблеми со циркулација.

To top