Кога станува збор за забавите, Ким Кардашијан може да се пофали дека секогаш прави најголеми забави.
Затоа не беше ни чудно кога Ким откри дека тема на забавата за првиот роденден на нејзината ќерка Чикаго ќе биде Алиса во земјата на чудата.
Целиот двор бил декориран така што потсетува на Алиса, со голема шаховска табла и фигури со кои децата може да се играат, како и актери кои биле облечени во костими кои ги оживеа ликовите од овој Дизни цртан филм.
На забавата присуствувало целото семејство, а сите биле расположени за различни роденденски активности.
Ким овој момент го документирала со својот мобилен телефон и го објави на својот профил на социјалните мрежи.