Сосема е нормално во текот на денот да изгубиме до 100 влакна од косата, но кога тоа се случува во поголеми количини, значи дека нешто не е во ред.
Паѓањето на косата не е карактеристично само за возрасните личности. Се случува и млади мажи и жени да имаат интензивно опаѓање на косата, делумно поради генетски причини, но постојат и други фактори.
Сепак, за некои нешта сигурно не сте очекувале дека придонесуваат во тоа:
Рутината за нега
Може да биде лошо избран шампон, пената за обликување, фенот, четкањето, исправувањето, сето тоа предизвикува одредени оштетувања на косата.
Пречесто четкање
Да, можно е да претерате со четкање на косата. Заборавете на митот дека треба да направите сто потези со четката низ косата, бидејќи така си кинете или корнете непотребно голем број влакна.
Земате многу витамински суплементи
Многумина препорачуваат суплементи, а и вие сигурно сте си помислиле дека нема никаква штета од нив. Но, ако претерате, еден од резултатите може да биде токму губењето на косата.
Ако витаминот го внесувате во доволна количина со исхраната, тогаш немате потреба од додатоци.
Трауматично искуство
Стресот и траумата од каков било тип може да остават и физички последици, меѓу кои и здравата состојба на фоликулите.
Иако нема да се случи да ви паѓаат цели прамени, по трауматично искуство може да забележите дека косата ви е потенка и послаба.
Лекови
Одредени терапии, особено хормоналните или антидепресивите може да бидат причина вашата коса да заслабне.
Во ваков случај, задолжително консултирајте се со лекарот за промена на дозата.
Болест
Дијабетесот, анемијата и нарушената функција на тироидната жлезда се само дел од состојбите кои може да влијаат врз квалитетот на косата.
Терапиите за овие болести исто така. Во најголем број случаи, состојбата се регулира веднаш штом болеста е под контрола.