Антонио Ристевски, Тинче Стојанова и Марија Докузова или меѓу естрадниот свет познати како „Само Тони и две жени“ имаат нова песна насловена „Ширам љубов“. Тоа е четврта по ред авторска песна на триото, кое минатата година славеше пет години од своето постоење.
Покрај бројните преработки на македонски хитови, тие зад себе ги имаат и три авторски песни: „Глава ме стега“, „Не ме оставаш да спијам“ и “Луда мала“…
„Ширам љубов“ на „Само Тони и две жени“, од вчера, 20 јануари 2019 год. го започна својот поход во македонскиот етер. Овој пат триото е засилување од колегата Борислав Веселинов познат како Боби Вокер, а сето тоа визуелно го надополнил Ристе Филипов.
Новата песна авторски ја потпишуваат двете третини од триото: Антонио Ристески (Само Тони) и Марија Докузова (Маца), а истата е снимена е во студиото на Димче Китрозоски, кој се погрижи за мастерингот.