Со оглед на тоа дека се повеќе следбеници на пејачката Сека Алексиќ коментираат негативно на сметка на изгледот на нејзиниот сопруг Вељко, таа реши остро да им одговори бидејќи очигледно и прекипи.
-Мојата поддршка, мојот столб, моето се’! П.с. Овие што пишуваат дека мојот сопруг треба да се потстрижи и избричи, покрај блокот кој го добиваат, мислам дека е сјајно решение да не ме следат и пред да напишете за некој човек како изгледа, тргнете до најблиското огледало и погледнете се себе! Сe’ ќе ви биде јасно!, напиша Алексиќ во описот на видеото каде друштво и прави саканиот.