Деновиве се игра Светско првенство во ракомет, а Македонија вчера играше против европскиот првак Шпанија.
Македонскиот ракометар пред натпреварот со Шпанија имаше уште една голема причина за славење и мотивација плус за победа.
Имено, Гоце Георгиевски пред натпреварот со Шпанија стана татко по вторпат.
Тој на својот „Фејсбук“ ги сподели радосните вести дека добил ќерка.
„Уште еден ден посебен за мене измешан со многу чувства и емоции. Ти благодарам Симона Георгиевска што овој ден го направи посебен за нас, нека ни е жива и здрава ќеркичката“ напиша Гоце на социјалните мрежи.
Гоце и Симона имаат и син.
Вечерва Македонија ќе ги одмери силите во ракомет со Исланд во 18ч.