Живот и Стил

Според хороскопот ова е вашиот идеален партнер за врска и секс

Според хороскопот ова е вашиот идеален партнер за врска и секс

Тешко дека преку хороскопот може да донесете важни љубовни одлуки, но факт е дека искуствата ни покажуваат дека со некои од знаците имаме подобра енергија, мислиме на онаа сексуалната…

Ако сте во потрага по искуството на животот, проверете што кажуваат ѕвездите, а толкувањето на астролозите го зачинивме со некои од најпознатите филмски двојки кои ни асоцираат на кажаното.

ОВЕН

Асертивни, но малку агресивни, склони и кон кавги, овновите бараат победа. Почесто се ловци отколку плен, а за своите сексуални перформанси бараат моментална потврда. Не се замараат со емотивни игрички, а во моментите на нежност сакаат масажа на главата

Најдобар спој: лав, терезија, девица, шкорпија.

БИК

Повеќе сензуални отколку сексуални, на биковите им е важна предиграта со многу мириси, звуци и допири, дури можеби и поважна од самиот сексуален чин. Не се од оние кои се постојано во потрага по секс, избегнуваат авантури за една ноќ, преферираат една квалитетна врска која ќе донесе сексуална возбуда.

Најдобар спој: шкорпија, рак, девица, јарец.

БЛИЗНАЦИ

Опуштени со широки видици, близнаците сакаат секс на невообичаени места, зачинет со многу експлицитни реченици. Тие се склони кон флертување, постојано во потрага по нешто ново. За нив сексот е и забава, па најдобро се согласуваат во креветот со партнери кои се имаат фантазија.

Најдобар спој: овен, близнаци, стрелец, водолија.

РАК

Креартивни се и сензуални и ги сакаат игрите на заведување. Раковите се изразено интуитивни и најчесто знаат што му годи на партнерот/партнерката. Сексот за нив е преполн со љубов и страст, а бидејќи се познати и како гурмани, предиграта за раковите често вклучува и храна.

Најдобар спој: бик, лав, јарец, риби

ЛАВ

Со изразено либидо, во потрага по партнер, лавовите најчесто самоуверено се потпираат на својот шарм. Секогаш се добро друштво, галантни и со изразена потреба да задоволат, но и да бидат задоволени. Во креветот се страствени и бараат потврда за своите перформанси. Обожаваат заведување, предигри а осетлив дел од телото им е грбот.

Најдобар спој: шкорпија, овен, стрелец, лав

ДЕВИЦА

Иако не изгледаат така, девиците се многу енергични и далеку од незаинтересирани за сексуални игри. Во суштина се изразено сексуални и сензуални, но тоа го чуваат само за интимните мигови, поради што ретко зборуваат за сексот со околината. Обожаваат допири, долги бакнежи, нежни масажи…

Најдобар спој: бик, терезија, риби, јарец

ТЕРЕЗИЈА

Изразен естетичар, префинета, терезијата има непогрешив вкус, но е и изразено чувствителна. Иако им е многу важен визуелниот впечаток, сепак силно се стимулираат и на ментално ниво. Не се имуни на флерт, сакаат секси сценографија, фина долна облека и одбрана музика.

Најдобар спој: овен, близнаци, лав, стрелец

ШКОРПИЈА

Ова е хороскопскиот знак познат по најизразената сексуалност. Водењето љубов кај нив често е проследено со драма и силна возбуда. Сакаат игри на моќ, а поради преизразеното либидо, но и силните емоции, понекогаш ги занемаруваат сопствените потреби.

Најдобар спој: риби, бик, лав, шкорпија

СТРЕЛЕЦ

И во креветот се изразено шармантни, нежни, внимателни. Секојдневниот рутински секс им здосадува, па од парнерот бараат спонтаност и фактор на изненадување. Слободните стрелци ги следи гласот дека се малку промискуитетни, но тоа поради нивната изразена потреба за слобода која не би требало да им биде одземена и во врската за да не се загуби интересот кон партнерот.

Најдобар спој: лав, овен, близнаци, водолија.

ЈАРЕЦ

Слични на скорпиите, јарците се и сексуални и сензуални и не им треба ништо комплицирано за сексуална возбуда. Иако не сакаат во јавноста да се открива интимата или да ги посипувате со бакнежи, прегратки и внимание, сепак, зад затворени врати тоа се очекува во големи количини.

Најдобар спој: рак, бик, јарец, девица.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се сметаат за најмалку конвенционални, па и чудаци, во сите сегменти од животот. Обожаваат ментални игри на заведување, па ако се на исто ментално ниво и со партнерот во креветот ќе бидат неверојатно ентузијастични, иновативни и полни со фантазија.

Најдобар спој: близнаци, водолија, стрелец, девица.

РИБИ

Рибите се согласуваат со најразлични типови луѓе и немаат проблем со привлекување внимание. Секогаш го користат тоа, па најчесто изгледа дека другите ги заведуваат иако неретко скриено и самите го завеле оној кој е убеден дека го направил првиот чекор. Важни им се емоциите, сопствените и на партнерот, па често оставаат впечаток дека им е поважно да задоволат отколку да бидат задоволени, иако во суштина задоволна риба секогаш значи и задоволен партнер во се, па и во сексот.

Најдобар спој: шкорпија, рак. девица, водолија

To top