Елена Велевска во моментов е на турнеја низ Америка… Таму работно ги дочека Нова Година, Божиќ, Василица…
Им пееше на голем број нашинци и останатите Балканци, но и други Амаериканци кои масовно ги посетуваат нејзините концертни настапи во Њујорк, Њу Џерси, Чикаго, Детроит, Мајами, Индијана…
Велевска ја покори Америка, ја падна на колена, а Македонците ги крена на нозе, на оро, но дали успеа да го крене бракот од мртва точка, по јавните најави за семејните скандали и разводот, а потоа и простувањето и помирувањето со сопругот?
Имено, меѓу сите постирани фотографии и статуси од американската турнеја и настапите, Велевска објави една фотографија која многу зборува иако ништо конкректно не кажува. Стара е цели 9 години, а на неа фолкерката ги држи враце тогаш двете мали дечиња.
Навидум обична фотографија, која ги враќа сеќавањата и спомените назад низ времето, ќе рече некој. Но, токму изборот на истата и статусот кој Елена го постирала крај фотографијата: „Од животот остануваат само децата и спомените“ – секако не е случаен.
Дали со тоа пејачката сакаше да наговести нешто повеќе, што можеби ќе се случи по враќањето од САД? Дали намерното изоставување на се’ уште законскиот сопруг од фотографијата и особено од пишаната порака, значи дека Велевска сепак не ќе може да го спаси бракот, или…?
Како и да е, едно е сигурно: Велевска ја крена Америка на нозе, ама ќе може ли на нозе да го крене и својот брак кој до скоро беше паднат на колена?
„Слободата нема цена“ – пишува Елена, покрај фотографијата од улиците на Њујорк, дополнително подгревајќи ги дилемите!?
Времето бргу ќе покаже дали од животот навистина остануваат само децата и спомените или има уште некој?