Српската фолк и поп пејачка Ана Бекута, на естрадата е повеќе од триесет години и зад себе има бројни хитови и награди.
Родена е како Нада Полиќ, а како девојче пеела во училишниот хор и во културно-уметничко друштво. Во 1974 година на музичкиот натпревар за „Прв глас на Прибој“ го освоила второто место. Првите музички ангажмани ги добива во 1980 година, почнувајќи да настапува по ресторани и хотели ширум тогашната Југославија.
Уметничкото име Ана Бекута го зела во 1985 година по предлог на Предраг Вуковиќ Вукас, бидејќи тогаш имало повеќе пејачки кои пееле народна ммузика со име Нада. Во 1985 година го снима својот дебитански албум за ПГП-РТБ со име „Ти си мене варао“, во кој албум се наоѓа еден од нејзините најголеми хитови, “Не сум родена да живеам сама“. До сега сними 18 албуми.
Бекута на сцојата младост редовно се присетува, а на социјалните мрежи често знае да објави по некоја ретро фотографија од младоста.
Една таква каде е во ултра секси издание ја објави деновиве на Инстаграм, а фановите ја пофалија за згодните нозе.