Анксиозноста е ментална болест којашто има големо влијание врз вашиот живот, начинот на којшто размислувате, вашите чувства и вашите постапки. Паничниот напад, кој е еден вид епизода на анксиозност, е чувство на ненадеен и интензивен страв што трае краток период. Доколку сте соочени со ваков проблем, добро е да знаете кои видови храна и пијалаци можат да ви ја влошат состојбата. Најдобро би било да ги избегнувате следниве видови храна.
1. Кофеин
5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност
Повеќето луѓе знаат дека кофеинот најчесто се наоѓа во кафето, енергетските пијалаци, чаевите и чоколадото. Кофеинот го возбудува нервниот систем и може да ви го подобри вниманието на краток период. Но доколку имате анксиозност, а особено панични напади, можете да сзе соочите со забрзано чукање на срцето и плитко дишење.
Кофеинот може да ги активира, па дури и да ги влоши симптомите на анксиозност бидејќи предизвикува неправилно чукање на срцето, нервоза и главоболки. Доколку страдате од сериозна анксиозност, земањето кофеин во поголеми количества е ризично.
2. Алкохол
5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност
Многу луѓе се вртат кон алкохолот обидувајќи се да се справат со анксиозноста. Најчесто тие мислат дека седативното својство на алкохолот ќе им помогне да се опуштат. Но често резултатот е спротивен, а долгорочната употреба на алкохол може да биде и причина за вашата анксиозност.
Околу 20% од луѓето кои страдаат од социјална анксиозност го злоупотребуваат алкохолот. Доколку се наоѓате во оваа група, најдобро е да се држите понастрана од него, освен ако знаете дека можете да го консумирате умерено.
3. Шеќер
5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност
Едно истражување покажало дека високото ниво на серотонин во телото може да ја влоши анксиозноста. Шеќерот е еден од главните „виновници“ кои можат да го зголемат нивото на серотонин.
Во истражувањето учествувале 18 пациенти со социјална анксиозност и 19 здрави личности. Биле набљудувани метаболичните процеси во нивните тела и се покажало дека кај пациентите со социјална анксиозност имало зголемено ниво на серотонин.
4. Трансмасти
5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност
Трансмастите се сметаат за еден од најлошиот вид храна, но она што малкумина го знаат е дека тие се лоши и за вашето расположение. Според едно истражување, консумирањето трансмасти е поврзано со зголемен ризик од депресија.
Истражувачите од Шпанија следеле 12.000 студенти кои цели 6 години не покажале симптоми на депресија. Тие го набљудувале нивното внесување на разни видови масти, како и нивото на депресија. Се покажало дека оние кои консумирале најмногу трансмасти имале поголем ризик од појава на депресија. Истражувачите додале дека причината што трансмастите ги влошуваат симптомите е тоа што предизвикуваат воспаление и ја менуваат функцијата на ендотелијалните клетки.
5. Глутен
5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност
Целијакијата е дигестивно оштетување и ги прави луѓето нетолерантни на глутен. Се покажало дека ова нарушување е поврзано со депресија и други нарушувања на расположението. Постарите луѓе кои се нетолерантни на глутен имаат два пати поголеми шанси да бидат дијагностицирани со депресија.
Сепак, пред да додадете или да отстраните нешто од вашата исхрана, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. На овој начин ќе знаете дали проблемот е психички, или станува збор за нешто друго. Потоа консултирајте се со нутриционист кој ќе ви помогне да го направите најдобриот план за исхрана за вас