На Божиќ во медиумите се појавија вести дека се разведуваат две српски пејачки, Јелена Карлеуша и Ана Кокиќ.
Имено, Јелена преку социјалните мрежи ги демантираше написите дека се разведува од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
Од друга страна, Ана Кокиќ и нејзиниот сопруг Никола Раџен потврдија дека се разведуваат по 10 години брак.
Карлеуша се огласи на Твитер и се одлучи да и пружи поддршка на својата колешка.
„Искрено, многу ми е жал поради Ана Кокиќ и нејзиниот развод. Има две ќерки, исто како и јас, жена која храбро се бори во оваа работа. И посакувам среќа и да го реши ова на начин како и одговара. Заслужува да биде среќна. И ќе биде“ напиша Карлеуша на Твитер.