Живот и Стил

Домашен тест од 10 минути кој открива дали имате рак

Домашен тест од 10 минути кој открива дали имате рак

За откривање на ракот досега мораше да се помине низ многу испитувања и да се оди кај безброј лекари, но наскоро на тоа би можело да му дојде крајот. Дејвид Вонг, професор по онкологија на Универзитетот во Калифорнија осмисли едноставен 10 – минутен тест кој детектира рак, а можете да го направите и во својот дом.

Моментално за детектирање на ракот се користи тестирање на крвта, доколку лекарите веќе направиле биопсија и издвоиле тумор, за да знаат кој генетички потпис би требало да го бараат.

Иако тој метод може да се користи за да се предвиди ширењето на ракот, не може да биде користен за инцијален тест, т.е. може да покаже лажно постоење на тумор.
Доктор Вонг вели дека е можно да се открие туморот кога циркулира во телесните течности, како плунката, со постапка која се нарекува течна биопсија.
Тестовите покажаа дека една капка плунка поседува доволно податоци во давањето конечна дијагноза, штом туморот почне да се развива.

Вонг тврди дека тестирањето преку плунката е 100% точно и едноставно се прави, а најважно е што за овој тест не е потребен доктор. Освен тоа, тестот е неинвазивен и со цена достапна на сите.

Тестот за две години би требало да се појави на американскиот пазар откако ќе ги помине сите нивоа на клинички тестирања кај пациентите со рак на бели дробови.

 

To top