По стапките на нејзината мајка, сонува да тргне и ќерката на Анелија. Ивон, наследничката на бугарската пејачка изразила желба професионално да се занимава со музика.
Оваа 14-годишната девојка го демонстрираше својот талент пред фановите и тие останаа без зборови од гласовните можности на Ивон, пишува “Бугарија денес”. Сепак, јавноста ја буни нешто друго: 14 годишната тинејџерка изгледа многу повозрасна за своите години, за што допринесува шминката, фризурата и сомнежот дека иако речиси е дете, таа прибегнала кон одредени естетски корекции.
„Немам корекции“ – остро демантираше ќерката на Анелија.
„Уморна сум објаснувајќи дека јас имам само 14 години. Ниту имам силикони, ниту сум ставала филери. Имам само вештачки трепки на себе. Од шминка, користам само сенки и пудра за тен“ – појаснува наследнички на бугарската фолк ѕвезда.
Откако беше фатена во прегратките на младо момче во еден клуб, ќерката на Анелија била запрашана дали досега имала секс?
„Девица сум“ – кратко и јасно, категорично одговорила Ивон.
Извор: Новини.бг