Промотер

Васил Ангелов ја претстави својата „Музика“ (ВИДЕО)

Васил Ангелов ја претстави својата „Музика“ (ВИДЕО)

Се сеќавате ли на младото момче кое толку веродостојно ги пееше кавер верзиите на хитовите на Тоше Проески како „По тебе“ или „Надеж“на Лозано?

Васил Ангелов е млад тинејџер кој потекнува од музичко семејство. Негов татко е академскиот музичар и долгогодишен член на групата „Арија“, Здравко Ангелов,  па не е ниту чудно, ниту изненадување што музиката полека од хоби на Васил му станува идна професија. Токму деновиве тој ја издаде својата прва  солистичка песна проследена со видеоспот, едноставно насловена „Музика“.

Интересно е тоа што со неа на сцената се враќа и Мартин Вучиќ кој овој пат се јавува како комплетен автор на музиката, стиховите и аранжманот на песната. Истата е снимена, миксана и мастерирана од Љупчо Соколовски.

На младиот Васил очигледно е дека не му недостасува музикалност, а од она што може досега да се слушне испеано од него, јасно е дека располага со моќен, но суптилен вокал кој токму потсетува на гласовите неговите идоли Тоше и Лозано, што укажува дека се работи за голем потенцијал од најновата генерација на македонската естрада.

„Музика“ е визуелизирана со видеозапис кој го потпишува „Блек меџик продукција“. Зад камерата стоеле Љупчо Павловски,  Љупчо Соколовски и Никола Автовски, која се потпишува и како монатажер и режисер на видеото кое можете да го погледнете во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=9ErkgIhUFdU

 

To top