Радио Милева

(ФОТО) Ја преплавија спомени: Тамара Тодевска објави досега невидени фотографии со Тоше!

(ФОТО) Ја преплавија спомени: Тамара Тодевска објави досега невидени фотографии со Тоше!

Голем број познати личности и армија обожаватели на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески ги наполнија своите профили на социјалните мрежи со фотографии, пораки, писма, спомени… по повод 10 годишнината од смртта на голема музичка легенда.

Ниту поп-пејачката Тамара Тодевска, неговата колешка и пријателка не заобиколи да објави фото-спомени со Тоше. Прочепка во своите ретро албуми и се реши со своите следбеници да ги сподели спомените кои и значат.

На двете фотографии тој свири на клавир, а таа е до него, 10 години помлада, распеана со него додека тој и пее и свири.

Фотографиите ги дополни со срценце и нагласи дека спомените со Тоше иако не е физички присутен никогаш не бледат.

To top