Кралскиот готвач во текот на годината подготвува многу колачи,пити,но за време на Божиќните празници е зафатен бидејќи подготвува посебни колачи.
Најверојатно на сите ви се познати „џинџер“ бисквитите кои се покрај тоа што се вкусни се и декоративни.
„Секогаш е важно да го оставите тестото да „одмори“ и однапред да го подготвите“ вели главниот слаткар.
Еве го рецептот:
200 грама брашно
1 лажиџа ѓумбир
1 лажица зачини
100 грама незаситен путер
75 грама шеќер
25 грама шеќер во прав
45 грама млеко
Шеќер за декорација.
Во сад измешајте ги зачините и брашното, додајте го путерот и измешајте со прстите.
Додадете го млекото и мешајте додека не добиете паста.Оставете го тестото да стои два часа.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Размесете го тестото во дебелина од 3 милиметри, исечете ги во облик и ставете ги врз хартија за печење и ставете малку шеќер во прав. Печете ги додека не поруменат.
Оставете ги малку пред да ги декорирате.