Радио Милева

Војната продолжува: Цеца се огласи по средбата со Драгана – „Тоа е чиста љубомора“

Војната продолжува: Цеца се огласи по средбата со Драгана – „Тоа е чиста љубомора“

По средбата на Драгана Мирковиќ и Цеца Ражнатовиќ во медиумите во соседството се пишуваат вести за нивната средба.

Имено, двете фолк пејачки се сретнале на Новогодишно снимање на РТС, а од нивната средба се појави и аудио снимка на која се слуша како Драгана се поздравува со Цеца, а Ражнатовиќ само одговори и продолжи во својата гардероба.

По оваа средба, се огласи и самата Ражантовиќ.

„Едно да ви кажам, вие имавте прилика да го слушнете разговорот т.е јас послабо се слушам бидејќи бев во поминување. Јас се враќам од снимање, а Драгана седеше покрај мојата гардероба и секако јас морав да поминам. Искрено да ви кажам, кога некој со години индеректно ве коментира во негативен контекст и на лош начин ве коментира вас, вашето семејство, вашата кариера, не очекувате да ве поздрави. Таа го направи тоа, видовте со каков тон, со тој тон и беше возвратено, без никаква лоша намера. Ниту има лоша намера, ниту сам таква личност по природа. Јас на дотичната колешка како и досега и посакувам се најдобро, вие сте сведоци, никогаш за никој не имав лош збор. Од срце и посакувам во 2019 година да сними хит и да најде мир“ вели Цеца и додава:

„Јас имам многу пријатели на естрадата, а за две личности можам да кажам дека тоа е љубомора. За две личности можам да кажам дека тоа е љубомора, бидејќи не знам кои се причините,на никој немам направено ништо лошо, ја секој можам да погледнам во очи. Така имавте прилика да слушнете што имам да кажам на темата Драгана Мирковиќ и тука ја завршуваме приказната“, изјави Цеца.

Од друга страна и Мирковиќ истакна дека според своето воспитување само се поздравила со својата колешка.

За оваа средба се огласи и телевизијата РТС која откри какви барања имала Мирковиќ пред Новогодишното снимање.

„РТС во договор со Драгана Мирковиќ и Цеца Ражантовиќ го организираше снимањето на Новогодишната програма.Цеца требаше својот дел да го сними во 18ч. Два дена пред снимањето Драгана не замоли таа да сними во 18ч. Ја контактиравме Цеца која излезе во пресрет на РТС и го отстапи својот термин на Мирковиќ“ пишува во соопштението на Службата за односи со јавност и корпоративен имиџ на РТС.

Што изјави Цеца погледнете тука.

To top