Новата година и Новогодишните празници се на самиот праг, а многумина веќе се подготуваат за најлудата ноќ.
Македонските јавни личности започнаа со украсување на новогодишната елка, но и на нивните домови во кои ќе се почувствува празнично расположение.
Во претходните вести на вистина.мк имавте прилика да ги видите новогодишните елки на некои личности од јавниот свет.
Дефинитивно сите му се радуваат на овој дел од годината, а меѓу нив и сопругата на македонскиот кошаркар Перо Антиќ, Ружица Антиќ.
Во кратките приказни „Инстаграм“ , Ружица објави фотографија и покажа како е украсена нејзината елка.
Верувам дека Антиќ заедно се семејството во убаво и весело расположение ќе ја испрати старата, а ќе ја дочека новата година.