Радио Милева

Јелена Карлеуша не сопира: Повторно распали со навреди кон Цеца Ражнатовиќ!

Јелена Карлеуша не сопира: Повторно распали со навреди кон Цеца Ражнатовиќ!

Јелена Карлеуша повторно ја поткачи Цеца Ражнатовиќ и тоа поради начинот на кој ја отпеа песната „Јадна ти је моја моќ“.

Пејачката во „Ѕвездите на Гранд“ кажа дека е згрозена како нејзината постара колешка акцентирала одредени зборови на почетокот на песната и таквото пеење го нарече катастрофално. Таа најпрвин се осврна на кандидатката, мислејќи дека таа погрешно ја извела песната.

-Не знам како точно оди акцентирањето во оригиналот, но ова вечерва беше трагично. Тоа „зарекла,порекла“ е погрешно акцентирано. Не знам каде си го слушнала тоа, се запраша ЈК.

Кога Марија Шерифовиќ и Ана Бекута објаснија дека Цеца така ја пее во оригинал, таа уште повеќе се згрози.

-Така е снимено?! Значи, таа погрешно ја акцентирала уште на снимањето? Тогаш извини, не си ти крива, така си слушнала. Грозно звучеше, порача Карлеуша.

И во продолжението на емисијата тема беше Цеца. Кога друга учесничка отпеа дури две песни од Цеца, Саша Поповиќ се пошегува со Вики Миљковиќ дека гласала за неа бидејќи е кума на цеца. ЈК брзо нафрли коментар на сметка на својата ривалка.

-Сите ние сме другарки на Цеца, заврши иронично Карлеуша.

 

 

To top