Македонскиот музички состав „Фидбек Бенд“ одлучи да оди чекор понапред и пред претстојните празници да ја изненади домашната јавност со нова студиска песна која носи оригинален наслов „Дај ми фидбек“.
Како комплетен автор на музиката, текстот и аранжман се потпишува докажаниот Драган Ристовски, додека видеото се снимаше на повеќе локации низ Скопје во режија на продукцијата „ВертигоКреатив“.
– Снимавме во градскиот парк и во неколку ресторани. Тимот со кој соработувавме, даде сè од себе за овој наш проект излезе баш онака како што го планиравме, од песната, па сè до самото видео. Нормално, ова е само најава за сите планови следната година на музички план, која веруваме ќе биде доста продуктивна, доколку ги реализираме сите идеи. Нека ни се среќни празниците и слушајте македонска музика, велат момците од бендот.
Во продолжение уживајте со новата студиска песна „Дај ми фидбек“ на музичкиот состав „Фидбек Бекд“.