Кога се обидувате да забремените животот може да Ви биде забавен – секогаш имате изговор за да добиете љубов од партнерот. Додека многу парови мислат дека забременувањето трае само неколку денови, тоа всушност може да потрае подолго време.
Полесно е да се каже отколку да се направи, се разбира, но здравата исхрана и здравиот начин на живот е навистина важен, ако сакате да ги зголемите шансите за забременување. Редовно вежбање и урамнотежена исхрана ќе им помогнат на Вашето тело да биде во топ форма.
Јадете свежо овошје и зеленчук од различни групи на бои – тоа е лесен начин да бидете сигурни дека добивате клучни витамини и минерали во телото. Тоа значи дека треба да јадете боровинки, малини, пиперки, домати, листест зеленчук и марулки. Друга храна која би можела да ги подобра Вашите шанси за забременување е храна богата со цинк – како остриги. Фолната киселина е првото нешто кое се зема во текот на бременоста, но е исто така важна за жените кои се обидуваат да забременат. Храна во која има фолна киселин ае брокулата и спанаќот.
Обидете се да вклучите два млечни оброци во исхраната секој ден, но бидете сигурни да ги балансирате со многу овошје и зеленчук. Идејата е да се добијат придобивки од различни групи на храна во еден ден.
Земајте витамини
Постојат неколку клучни хранливи состојки кои му се потребни на Вашето тело за да забремените. Тоа се следните витамини, кои треба да продолжите да ги земате и во бременоста: Витамин Е, Цинк, Бакар, Калиум, Витамин А, Витамин Ц, Витамин Д, Витамин Б6, Рибофлавин, Ниацин.
Правилна телесна тежина
Ако сте прекумерно тешки или многу слаби, може да ги намалите Вашите шанси за забременување.
Со прекумерната тежина се зголемуваат шансите за висок крвен притисок и дијабетес во текот на бременоста, а може да се појават и други компликациии. Никогаш не се ставајте на неразумни диети со цел да ја изгубите тежината, сето тоа треба да се направи разумно и во консултација со Вашиот гинеколог.
Детоксикација
Да, добро слушнавте. Тоа старо и не многу забавно нешто. Постојат неколку начини со кои можете да направите детоксикација на организмот, оставете ги цигарите и алкохолот. Пиење на една чаша црвено вино е во ред, но тоа треба да се намали на 1-2 пати неделно. Истото важи и за Вашиот партнер, цигарите и алкохолот влијаат на квалитетот на неговата сперма. За цигарите е докажано дека имаат директна врска со намалувањето на плодноста кај мажите и жените.
Кофеин
Жените кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден, ги намалуваат своите шанси за забременување на 26%. Сепак, не треба да се чувствувате виновни ако се напиете филџан утринско кафе. Но не претерувајте!
Имајте редовен секс
Колку често треба да се води љубов за да се добие позитивен тест на бременост? Според една анкета, просечна двојка треба да има 104 сексуални односи, за да зачне. Тоа можеби звучи како голема бројка, но може да Ви биде возбудливо во секој момент и на секое место да се обидувате да забремените. И не заборавајте: не трчајте да се туширате веднаш по сексуалниот однос, лежете со партнерот гушнати – тоа ќе Ве натера да се чувствувате убаво и двајцата, а најважно од се, ќе ја задржите спермата подолго во Вашето тело.
Познавајте го Вашиот циклус
Повеќето лекари се согласуваат дека овулацијата кај жените се случува на две седмици од првиот ден на менструалниот период. Додека сперматозоидите можат да живеат 7 дена во внатрешноста на матката, јајце клетките имаат многу пократок животен век – живеат околу 24 часа. Но тоа не треба да Ве спречи да поминете незаборавни денови на љубов и во другите денови од периодот. Рековме, колку повеќе, толку подобро.
Посетете го Вашиот лекар
Ако активно се обидувате да забремените, можеби е време да го посетите Вашиот лекар. Можете да дискутрате за проблемите кои ги имате и да добиете совети за начинот на живот и правилната исхрана. Сигурно дека ќе добиете совет да ги откажете цигарите и алкохолот, но не е страшно, се за бебето, нели?
Подобрете ја здравствената состојба на Вашиот партнер
Кога станува збор за забременување, здравјето на Вашиот партнер е исто толку важно колку и Вашето. Исто како и Вас и партнерот треба да се грижи за здравата исхрана и да размислува за вежбање. Исто така може да зема витамин Ц и витамин Е за поздрава сперма и побрзи „пливачи“. Нека Вашиот партнер исто така ги минимизира шансите за стрес, или барем да посети лекар кој ќе изнајде најдобар начин за справување со стресните ситуации во животот.