Кога купувате нешто на старо, земате нешто многу непроверено. Не можете да бидете сосем сигурни што ќе добиете. Може да најдете одлична маица или панталони, но исто така и некој половен кревет за кој не знаете дали ќе трае долго.
Студентите Рис Верховен, Кали Гуасти и Лара Руси купиле стар кауч, а добиле многу повеќе од она што барале. Во него нашле 41.000 долари.
На почетокот биле пресреќни и не можеле да поверуваат, но набрзо покрај парите нашле и плико со името и презимето на сопственикот. Во прашање била стара жена, на која ова и било животно заштедување. Не знаејќи дека таму ги чувала парите тие го донирале.
За среќа жената си ги добила парите назад, а трите пријатели се надеваат дека секој би го направил истото.
извор:маркукуле.мк