Живот и Стил

Пита ролнички со праз

Пита ролнички со праз

Направете вкусни пити ролнички со праз.

Состојки:

1 пакување кори за пита

1 струк праз

1 шолја масло

100 гр. сирење

125 гр. маргарин

1 шолја вода

сол

Подготовка:

Се чисти и се сече празот, се динста со постојано мешање со половина од маслото и сол, па се лади, а потоа се меша со ронетото сирење.

Се сече на делови маргаринот и се прелива со врела вода, се додава другата половина масло и се меша.

Се земаат по две кори и се премачкува првата со смесата со маргарин и масло, па се става другата кора над неа а на неа пак смесата, па фил и се прави ролничка.

Така се прави со сите кори.

Се редат на плех подмачкан со маргарин и се печат на 180 степени на загреана рерна додека не поруменат.

Добар апетит!

To top