Кога доаѓа новогодишниот и празничен период, фолк естрадата е најактивна со снимање емисии, настапи и веселба до зори…
Сузана Гавазова не го пропушта овој период за да биде во Македонија и турбо да го сработи она што го бара нејзината професија.
Па така откако настапи на „Роса фест“, почна со се почести снимања на новогодишни емисии во кои пали и жари со својот изглед.
Деновиве пак, веројатно работи на нова фотосесија или спот, а тоа дека не мирува откри на Инстаграм каде постави две видеа на кои за своите следбеници и обожаватели им замеша со задникот.
На едното видео е во хеланки со животински принт, додека на другото носи црн корсет и мрежа чорапи.
Со новите објави дефинитивно најмногу ги размрда страстите на посилниот пол, а како ли само ќе изгледа и што ќе прави во финалниот видео производ, останува само да замислиме.