12. 12.2018 е големиот ден за пејачката Тамара Тодевска и нејзиното семејство, денот кога на свет дојде бебето Дарен.
Тамара и сопругот Александар станаа родители по вторпат, а нивната ќеркичка Хана си доби браче и наедно најубавиот новогодишен подарок.
Мама Тамара веднаш по породувањето среќната вест ја сподели со својата армија следбеници, обожаватели и пријатели на социјалните мрежи, а честитките се редеа до недоглед.
Веднаш откако дојде на свет, Дарен ја имаше и првата фотографија заедно со мама која го покри неговото лиценце со симбол од срце, а нешто подоцна сподели уште една фотографија од нејзината рака и малото раче на Дарен.
Честитки од редакцијата на Вистина.мк! Нека Дарен биде жив и здрав, да ги радува мама, тато и дада целиот живот!
фото:printscreen/instagram