Радио Милева

Шокантно признание на Мрка: „Никогаш нема да се оженам со Ана Бекута“!

Шокантно признание на Мрка: „Никогаш нема да се оженам со Ана Бекута“!

Момчето на пејачката Ана Бекута тврди дека фолк ѕвездата секојдневно го возбудува и дека ја доживува како вистинска секс-бомба.

-Единствена пејачка со која сум бил е Ана Бекута и никоја повеќе! Никакви пејачки не доаѓаат во предвид, нема во нив приказна. Таа е најдобра убедливо, секогаш ми се допаѓала и додека не ја познавав лично. Никогаш не би ја изневерил затоа што е вистинска жена. Освен тоа таа е одлична пејачка, физички изгледа топ, Бекута е сокс-бомба, тоа мора да признаете, вели Мрка во интервју за српски Курир.

Мрка вели дека Ана е свесна дека тој нема да се ожени со неа, бидејќи се уште е во брак со Драгана Мркоњиќ.

-Немам што да кријам, и онака го знаете цел мој живот и плукате, така што немам проблем да кажам како стојат нештата. Ако мене ми одговара да бидам во брак со неа, а да живеам со друга, зошто вие да се грижите? Ана е свесна за тоа и не и пречи. Ние имаме договор. Не сум единствен. Зошто не прашате други политичари, кои се поголеми ѕвезди од мене? Многумина имаат љубовници кои ги кријат по паркови, само мене сите ме напаѓаат, завршува Мрка.

To top