Живот и Стил

Какви се хороскопските знаци кога ќе се напијат

Какви се хороскопските знаци кога ќе се напијат

Секој хороскопски знак на површина го вади својот темперамент кога ќе се напие алкохол. Едни ги сакаат сите, а други се со слаби нерви.

Овен

Познати се по тоа што се пријателски настроени, па под дејство на алкохол најчесто одат од една до друга личност за да проверат дали сите добро се забавуваат. Ако не, може да се обложиме дека ќе ве почестат пијачка додека не го достигнете неговото ниво. Дури и ако сте лошо расположени, Овенот е личноста со која сакате да ја поминете цела вечер на шанк.

Бик

Ви треба добар навигатор за ноќен провод и пиење, тој е вистинскиот човек. Само бидете внимателни кога многу ќе се опијат, затоа што во тој момент нивната тврдоглавост излегува на површина. Тие се најлошите лица со кои можете да се расправате во пијана состојба, затоа што имаат силен и незгоден темперамент по природа.

Близнаци

Овој знак ја претставува дволичноста и затоа е тешко да пиете со такви личности. Близнаците не толерираат неодлучни луѓе, така што попаметно ви е да знаете што точно ќе правите таа вечер. Бидете внимателни со Близнаците затоа што кога се под дејство на алкохол не знаат да останат смирени и во едно место.

Рак

Вечните емотивци, веднаш се расплакуваат ако нешто не им е како што сакаат. Под дејство на алкохол ги искажуваат најскриените емоции, па затоа длабоките разговори во оваа состојба не е паметен избор. Во еден момент си поминуваат одлично, а веќе во другиот може да ми се жалат на барменот.

Лав

Пуштете го алкохолот да тече и Лавот нема да престане да зборува. Лавовите не ги кријат своите мислења кога се пијани, без разлика колку се навредливи. Бидете внимателни ако сакате да бидете на негово место затоа што по секоја цена може да ве омаловажи без око да му трепне. Сака да биде лидер и најгласен, посебно кога има малку повеќе пиење.

Девицa

Ако пронајдете некој перфекционист кој се опушта после работа, со чаша квалитетна пијачка, знајте дека се работи за Девица. Тие се идеални партнери за мирна пијачка. Но, не поднесуваат евтини места, туку само скапи елитни локали. Ако сте во потрага по екстравагантно ноќно доживување, тогаш придружете и се на пијаната Девица.

Вага

Вагата е најдобриот знак во алкохолизирана состојба. Имаат средени мисли и ладна глава, што е предност кога сите се пијани и меѓусебно се објаснуваат. Кога вашите пријатели ќе започнат да се расправаат или туркаат, можете да сметате на Вагата, колку и да е пијана. Таа обожава кога воспоставува ред и мир, дури и во таква состојба.

Шкорпија

Дајте и на Шкорпијата шише текила и гледајте како се опушта. Шкорпиите ретко ги задржуваат работите во себе, што може да биде и добро и лошо. Тие се луѓе кои ќе ви прават друштво за алкохол, колку и да им се врти. Најлошиот дел е што се непредвидливи – не знаете кога ќе почнат да ве гушкаат, а кога да ве напаѓаат во сред бар.

Стрелец

Бидете внимателни кога пиете со Стрелец, затоа што има остар јазик по природа. Алкохолот и бесот не е добро да се мешаат, затоа внимавајте што зборувате околу нив. Кога малку ќе претераат обично се буди флертот во нив. Ако сте во потрага по заводлив партнер кој ќе ви каже како искрено стојат работите, тогаш приближете му се на Стрелецот.

Јарец

Јарците се совршени камелеони затоа што се секогаш добро друштво за пиење. Добро се снаоѓаат во секоја ситуација и со секој алкохол. Тие се пријатели за забава, а не критика и напаѓање. Немаат незгоден темперамент и не ги интересира кој со кого е, каде е и што прави. Под дејство на алкохол тие може само да ви се разлигават и да ве гушкаат повеќе од вообичаено. Обожаваат и да пеат.

Водолија

Бидете внимателни  кога пиете со Водолиите затоа што лесно се нервираат. Луѓето родени во овој знак имаат променлива личност, посебно под дејство на алкохол. После неколку чашки Водолиите или ќе си легнат насмеани или ќе останат будни и ќе ги нервираат сите околу нив. Никогаш, ама баш никогаш не започнувајте дискусија со нив во ваква состојба.

Риби

Рибите ги покажуваат најекстремните емоции, што ги прави посебно интересно друштво. И тие како Водолиите лесно го менуваат расположението и само еден лош збор или туркање може да ги извади од такт. Сепак, со Рибите никогаш не се излегува „на една пијачка“ затоа што тоа не постои за нив.

To top