Оние малку повозрасните, или подобро речено што се родени пред 2000 години, сигурно се сеќаваат на девојката која ја гледавме како ТВ водителка во забавно-музичките емисии од типот на (Зона-Х), како модел во видеоспотовите, како пејачка во своето видео, ни се смешкаа од насловниците на списанијата и магазините, календарите…
Русокосата убавица со ангелско лице и совршено складно тело, скопскиот „крем“ ја запозна како убавата келнерка од „Чао“, култното скопско кафуле во ГТЦ, каде долго работеше.
Но, Даниела тогаш само Спасовска, денес и Гошевска – Дени беше како создадена за фотомодел. Со лице кна моден камелеон кое трпи исклучителна моќ на трансформации на фотографиите, некои дури и ја споредуваа со тогаш најпоозната манекенка на светот, славната Кејт Мос.
И не беа далеку од вистината, барем според убавината и појавата. Непосредноста, широката бисерна насмевка и секако убавината беа нејзините заштитни знаци, кои од кафулето ја однесоа пред фотобјективите и камерите, па Дени ајнцерот го замени со микрофонот.
Беше една од најатрактивните ТВ водителки и модели од крајот на 1990-тите и почетокот на новиот милениум, но и промотер и пионер на електронска музика или техно музика како што ја нарекуваа во тоа време, со својата емисија „Зона Х“, која го третираше токму тој прогресивен, нов звук и неговите жанрови и правци.
Долгогодишната врска со нејзиното момче, денес сопруг Миле Гошевски, ДЈ, автор и продуцент и еден од пионерите на електронската музика кај нас ќе придонесе водителката да се обиде и како пејачка.
Песната и особено видеото насловени „Овој град е магичен“ на ДСГ (Даниела Спасовска Гошевска) беше своевидна револуција за тоа време. Не заради вокалниот потенцијал на пејачката секако, ама заради сето останато – чекор од „7 милји“ пред другите. Сепак, пејачката кариера на Дени остана само на обид, фотомоделството остана само хоби од минатото, а водителството полека го замени со друга професија.
Стана сопруга, наскоро потоа и за прв пат мајка, се вработи во секторот за продажба на тогашниот Мобимак, па мајка по втор пат… И така времето полека си минуваше…
Денес, Даниела Спасовска Ѓошевска или Дени е семејна, деловна жена и мајка на двете слатките дечиња: поголемиот Максим и помалата Мила. Сега е целосно ориентирана кон бизнис сегментот, во кој веројатно возбудата од пред фотобјективот или ТВ камерата ја нема, но затоа има нешто друго… нешто што животот на една семајна дама посветена на фамилијата го бара: мир, стабилност, сигурност, солидна егзистенција.
Останатото е само спомен од младоста, фрагменти и сеќавања на годините што поминале, историја на животот на една некогашна јавна личност.
Но и покрај се’, едно е сигурно: убавината за ногумина е минлива, но не и за неа. Дени и денес изгледа подеднакво атрактивно, возбудливо, сексапилнио и заводливо како и келнерката од „Чао“ од пред повеќе од две децении или водителката од „Зона Х“ или пејачката која се криеше зад кратенката ДСГ.
Без проблем може слободно да застане пред објективите и да засени многу од оние што во мометов важат за главни во светот на модата, убавината, фотомоделството… кај нас!