Живот и Стил

Дневен хороскоп за понеделник (11.12.2017)

Дневен хороскоп за понеделник (11.12.2017)

Овен

Сигурно ќе ги победите сите оние кои од различни причини сакаат да ви наштетат и од таа битка ќе излезете со крената глава. Сето тоа ќе заврши за многу кратко. Сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале.

Бик

Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптоваруваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии.

Близнаци

Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чувствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Во емоционалниот живот ве очекуваат непредвидени случувања. Внимавајте во сообраќајот.

Рак

Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ќе сфатите дека вака повеќе не ќе можете, но не знаете што друго да правите. Мислите дека уште имате време и дека не е поволен момент, и со тоа го повторувате правилото дека не сте доволно способни да ги носите егзистенцијалните проблеми.

Лав

Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја. Ќе се обидете на насилен начин да го добиете она што го сакате и доколку наидете на препреки ќе размислувате во погрешна насока.

Девица

Пред вас е одличен ден во кој ќе се чувствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна.

Терезија

Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финансиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично.

Скорпија

Денеска не сакате да се дружите и ќе се затворите во сопствениот свет. Вашите идеи ќе ве затворат во светот на фантазиите за кои во моментот ќе мислите дека се најдоброто скривалиште. Водете сметка денеска на исхраната. Преоптоварениот желудник може да ви предизвика компликации.

Стрелец

Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака.

Јарец

Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослаби. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини. Лицата кои работаат со вас може да ви зададат мали проблеми.

Водолија

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чувствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни.

Риби

Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек.

извор:скопје24.мк

To top