Во сите разговори за здраво и нездраво, водата го држи приматот дека е добра за вас. Безбројни студии потврдија дека H2O е добра за губење килажа, вежбање, заштита од болести, дури може и да го подобри вашето расположение. Водата е секогаш добар избор за пијалок, одличен за вашето тело.
Сепак, ако пиете само вода, нема да можете да внесете одредени потребни состојки кои се добри за вас, вели Фелисија Столер, диететичар и физиолог од Њујорк. „Немојте да ме сфатите погрешно, да се пие многу вода е добро за секого. Но, така нема да внесите доволно антиоксиданти, фитосостојки и други потребни нутрициенти“.
Затоа треба да посегнете по други здрави напитоци за да ја одржувате хидратацијата на вашето тело.
Зелен чај
Истражувањата покажаа дека овој напиток го намалува холестеролот и крвниот притисок, го стабилизира нивото на шеќер во крвта, па дури и дека уништува клетки на рак.
Зелениот чај го заштитува мозокот. Истражувањата покажаа дека помага во спречување на наслаги на нервите што водат до Алцхајмерова болест, а ја подобрува активноста на мозокот во делот одговорен за меморија.
Во неодамнешна студија презентирана во 2015 година на Меѓународната конверенција за Алцхајмерова и Паркинсонова болест, истражувачите го поврзаа зелениот чај со превенција од ментални болести кај луѓето над 60 години. Тоа се должи на богатството од антиоксиданси што го нуди зелениот чај.
Што е најважно, зелениот чај е многу малку обработуван, па со негова подготовка добивате шолја полна антиоксиданси. Зелениот чај одлично помага и при слабеење.
Кокосова вода
Од 2007 до 2009 година пет пати се зголемила потрошувачката на кокосова вода во САД, а тоа се должи на препораките дека овој напиток е полн со електролити кои на извонреден начин го рехидрираат телото по вежбање. Дури една студија објавена во Medicine & Science in Sports & Exercise докажа дека кокосовата вода ги надополнува течностите во телото подобро од вода.
Таа е богат извор на натриум, калиум и магнезиум основните електролити потребни на телото, а кокосовата вода ги има истите рехидрирачки својства како и спортските пијалоци, минус шеќерот.
Во една чаша пијалок има 60 калории. Некои производители во неа додаваат шеќер, а се препорачува да се купи чиста и да се додадат во неа поблаги овошја.
Пиво
Толку од наводите дека чаша студено пиво ги уништува мозочните келии. Новите анализи во 32 различни студии објавени во весникот PLOS Oneпокажуваат дека пивото го редуцира ризикот од Парикнсонова болест.
Според истражувањата, луѓето кои пијат една или повеќе чаши на ден пиво, но да пијат само пиво, а не да мешаат и вино и ракија, имаат 59 отсто помали шанси да заболат од невродегенеративни болести од луѓето кои не пијат алкохол.
За споредба, оние кои пијат само жестоки пијалоци и тоа повеќепати на ден имаат два пати поголеми шанси за развој на Паркинсонова болест.
Друга добра вест за пивопиите е дека едно истражување објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry потврди дека xanthohumol состојката во пивото помага во борбата со рак, а има и кардиоваскиларни бенефити и го штити мозокот од Паркинсон и Алцхајмер.
Млеко
Има многу контроверзи околу пиењето млеко. Некои нутриционисти велат дека помага во обидот за намалување на тежината, па се до превенција од рак. Некои велат дека млекото помага во здебелеувањето, го намалува нивото на калциум, предизвикува рак, и други болести. Сепак, бројни студии покажаа дека млекото е здрав пијалок.
Ново истражување на Универзитетот на Канзас медицинскиот центар покажа дека пиењето млеко го зголемува нивото на glutathione во мозокот, моќен антиоксидант кој им помага на клетките во борбата со таканаречените слободни радикали.
„Слободните радикали предизвикуваат оксидативен стрес, кој води до различни состојби, меѓу кои и Алцхајмер и Паркинсон“, вели Столер.
Според студијата, возрасните кои пијат по три чаши дневно млеко имаат највисоко ниво на glutathione антиоксидантот.