Не е важно кои сме. Секој од нас се лути и збеснува од време на време. Тогаш кога сме лути, забораваме на здравиот разум и трпението. Сепак, секој од хороскопските знаци на различен начин се соочува со бесот.
Овен
Претставниците на овој знак се првите кои ќе реагираат кога се бесни. Сепак, тие се огнени знаци. Понекогаш се однесуваат како да имаат оган во себе и кога ќе збеснат како да се случува некаква експлозија. Тоа е нивната темна страна.
Најчесто, тие не почнуваат конфликти со луѓето, но дефинитивно знаат како да ги завршат. Понекогаш знаат да бидат нетрпеливи, па дури и насилни, особено тогаш кога некој ќе ги премине нивните граници. Сепак, колку што брзо реагираат кога се бесни, така и брзо се смируваат и забораваат зошто биле бесни и лути на почетокот. Тие се еден од знаците кои се најспособни да простат и заборават.
Бик
Родените во овој знак се луѓе со големо трпение. Тие се прилично бавни кога станува збор за многу нешта во нивниот живот, а особено бесот. Но, кога ќе се налутат, подобро е да внимавате. Нелојалност, нееднаквост, неверство – ова се нештата кои ги вадат од такт. Тие не сакаат да трошат енергија за други нешта.
Сепак, штом се налутат може да им е потребно повеќе време за да се смират. Најдобро е да им дадете простор. Најдобро е да им дадете можност да ги смират своите нерви и да почекате да посакаат да позборувате околу тоа, затоа што секогаш сакаат да разговараат. Откако ќе заврши аргументирањето, тие многу лесно простуваат, освен ако не сте направиле нешто екстремно, за што никогаш нема да посакаат да ве погледнат. Сепак, треба да знаете дека ќе се однесуваат нормално со вас, но веќе сте избришани од нивниот живот ако сте направиле нешто големо.
Близнаци
Близнаците се личности од кои не се знае што може да се очекува како за бесот, така и за останатите аспекти на нивниот карактер. Можеби ќе делуваат целосно смирени, или пак ќе дозволат да збеснат страшно.
Сепак, тие сакаат да разговараат и тоа е најчесто начинот на којшто ги решаваат проблемите. Но, кога ќе ги изнервирате, подгответе се да бидете изџвакани. Нивниот бес може да се движи од грубост или сарказам, но мошне брзо може да премине во врескање, дерење, па дури и до фрлање предмети на вас. За среќа, нивниот бес не ги држи долго. Се содека не им кажувате што да прават, најверојатно ќе ви простат уште пред да сте свесни за тоа.
Рак
Раковите се многу слатки, разбирливи и лојални личности. Тоа е всушност и тоа што тие го очекуваат од другите. Ако се чувствуваат несакани, неценети или навредени од нешто, тогаш се јавува нивниот бес.
Но, тие нема да зборуваат директно за тоа. Ако не ги разбирате нивните знаци, тоа ќе премине во пасивно агресивно однесување. Доколку и тоа не го сфатите, најверојатно ќе ве одбегнуваат.
Родените во овој знак често ќе се однесуваат како да не сакаат да зборуваат со вас, но тие само не сакаат да бидат оние кои ќе го направат првиот чекор. Ако ги игнорирате или одбегнувате, тие ќе го сфатат тоа како знак дека не сакате да ги решите работите, што ќе ги збесне уште повеќе.
Лав
Кога станува збор за расправиите со Лавот, главното нешто е поврзано со тој кој може да вреска посилно. Многу нешта можат да ги извадат од такт, но кога тоа ќе се случи, сигурно ќе ви покажат дека се лути. Ќе врескаат, ќе удираат, ќе прават хаос околу себе и ќе направат драма и спектакл.
Веројатно ќе ви кажат многу навредливи нешта кои не ги ни мислат и затоа не ги сфаќајте премногу лично. Тие сакаат само да го извадат бесот и ова е најдобриот начин за нив.
Откако ќе се смират, нема да држат лутина. Всушност, најверојатно ќе се вратат во собата и ќе се однесуваат како ништо да не се случило.
Девица
Родените во овој знак се некои од најтрпеливите знаци. Тие можат да прифатат големи навреди од оние кои ги сакаат, пред да покажат знаци на фрустрација и бес. Тоа го прават бидејќи не се чувствуваат најпријатно да го искажат својот бес. Но, кога веќе ќе се случи тоа, нивните чувства ќе бидат многу интензивни. Нивниот бес ќе биде силен и ќе го чувствувате тоа одредено време.
Често знаат да се однесуваат на пасивно агресивен начин. Најчесто избегнуваат конфронтација и аргументи по секоја цена. Тие сметаат дека полесно е да заминат кога се лути, наместо да останат и да кажат работи кои не ги мислат.
Исто така, простуваат многу брзо бидејќи не сакаат да чуваат бес во себе. Но, не забораваат никогаш.
Вага
Вагите се знак кој се грижи за мирот и хармонијата. Тие секогаш се грижат за еднаквоста и балансот и ги избегнуваат конфликтите и бесот по секоја цена. Затоа и се мирни и ги чуваат работите во нив по секоја цена.
Сепак, бидејќи се еден од најчувствителните знаци во зодијакот, многу нешта можат да ги вознемират, но тие вешто го чуваат тоа во себе. Кога ќе станат навистина бесни, тогаш можеби ќе кажат неколку зборови кои се внимателно одбрани, но ќе го направат тоа бегајќи. Дури и во најголемиот бес, тие ќе размислат два пати и ќе се однесуваат мудро.
Шкорпија
Сакате да знаете дали Шкорпиите се бесни? Внимавајте на нивните очи. Нивните очи ќе го покажат бесот многу порано пред тоа да ви го кажат тоа.
Шкорпиите прво се лутат во својата глава, а потоа планираат и размислуваат како ќе реагираат. Понекогаш, нивната најдобра стратегија е да ве згазат во нивниот ум, без да направат нешто реално и конкретно околу тоа.
Друг пат, ќе бидат само тивки размислувајќи за своите аргументи. Тоа најчесто се случува пред да бидат лути и подговени да експлодираат. Затоа, ако ги видите нивните налутени очи и тишина, најдобро е да им дадете простор за да се искажат, бидејќи ако се обидувате да ги натерате да зборуваат, ќе зажалите.
Тие се еден од знаците кој многу долго држи бес и затоа треба да внимавате. Можеби некогаш ќе ви простат, но никогаш нема да заборават.
Стрелец
Нечесност, нелојалност, грубост и лоши зборови се нештата кои можат да ги налутат. Кога ќе ги налутите, подобро е да избегате. Брзо.
Иако нема да ги видите да се лутат често, сепак добро е да знаете дека штом се налутат, настанува хаос. Првиот знак на лутина ќе го забележите во нивниот сарказам. Голем дел од нив ќе внимаваат како се однесуваат, бидејќи тие ќе бидат засрамени ако кажат или направат нешто што не одговара на нивниот карактер. Најважното нешто што треба да го знаете е дека тие не создаваат драма без потреба и ако веќе се случува драма, тие се навистина лути.
Јарец
Тие се земјен знак кој е многу лабав поголем дел од времето. Сепак, често знаат да станат бесни и тоа ако нештата не се по нивно, односно така како што тие очекуваат дека треба да се.
Многу често не можете да знаете што е тоа што ги налутило. Уште почесто нема ни да знаете кога прво се налутиле бидејќи тие пополека го собираат својот бес. Најчесто ќе се дерат и ќе направат да се чувствувате непријатно. Ќе направат и драма околу тоа, но мошне брзо ќе заборават на тоа.
Најверојатно ќе ви простат откако ќе ви кажат и покажат колку сте ги разочарале.
Водолија
Водолиите не можат да се расправаат особено кога станува збор за беспотребни аргументи со тврдоглави луѓе. Тие се луѓе кои ќе ве игнорираат кога сте лути. Преферираат да отидат на прошетка или да се повозат наместо да се конфронтираат со луѓето.
Ќе збеснат тогаш кога ги маргинализирате или кога не можат да избегаат од тоа што ги иритира. Во таков случај, ќе ве игнорираат по секоја цена додека не се смират. Можеби и ќе ве игнорираат засекогаш. Сето тоа зависи од количина на бес која ја имаат во себе.
Риби
Бесот кај родените во овој знак во голема мера зависи од нивниот ден. Ако веќе имаат лош ден, тие ќе експлодираат дури и за најмала ситница.
Најчесто бесот го смируваат со алкохол или цигара, повеќе отколку да влегуваат во конфликти и расправии. Ако тоа не им помогне да се чувствуваат подобро, тогаш сакаат да се исплачат. Рибите се знакот кој најчесто ќе почне да плаче во фрустрација или бес.
Колку ќе чуваат бес во себе кај Рибите зависи од тоа колку сте згрешиле.