Сите сакаме да мислиме дека ги имаме најдобрите особини, но сепак имаме маани кои не можеме да ги скриеме од другите.
Ова се мааните на хороскопските знаци.
Овен
Вие секогаш мора да сте во право. Импулсивни сте, брзоплети и експлозивни, а имате и вродена ароганција. Склони сте кон кавги и лесно се нервирате, но и лесно се навредувате. Ако некој претера, знаете да бидете груби, нетолерантни и одмаздољубиви. Во љубовта сте многу непредвидливи, љубоморни и посесивни. Поради желбата за доминација, знаете да бидете и непријатни како соработник, а неподносливи како шефови.
Бик
Вие сте многу своеглави, па често трдоглаво си терате по свое, дури и тогаш кога знаете дека не сте во право. Иако ви треба многу за да се налутите, кога бесот ќе избие на површина, тоа е како вулканска ерупција. Малку сте успорени, па делувате многу бавно и мрзеливо. Ориентирани сте кон парите и тие ви се многу важни. Во љубовта сте посесивни и љубоморни, иако тоа ретко го признавате.
Близнаци
Многу сте љубопитни и многу зборувате. Тоа ги излудува сите околу вас. Расположението ви е непредвидливо и често знаете да ги изненадите луѓето околу вас. Умеете да бидете и лукави и пресметливи, а често го криете и стравот од неуспех. Најчесто сте окупирани со големи планови, но не успевате да довршите голем дел од нив.
Рак
Мрзоволни сте и често го менувате расположението и склони сте кон самосожалување. Брзо се навредувате, а таа особина ја покажувате во однос на сите. Но, ако некој го чепне вашето его, знаете да бидете и одмаздољубиви. Понекогаш толку се вовлекувате во својот оклоп, така што тешко може некој да ве извлече од тоа. Некогаш сте пресметливи и егоцентрични, па го избирате и најлесниот пат до успехот. Склони сте кон претерување кога пиете.
Лав
Вие сте театрални, па често привлекувате внимание на себе. Сакате да бидете во центарот на вниманието и едноставно не поднесувате да бидете неприметени. Суетни сте и вообразени и сакате да доминирате, а често и претерувате во тоа. Често глумите бидејќи се плашите од омаловажување од другите. Понекогаш им помагате на другите за да им покажете дека не можат без вас.
Девица
Многу зборувате, па понекогаш сте толку опширни така што можете да ги удавите сите околу себе. Тешко поднесувате критика на ваша сметка, а кон другите сте многу критички настроени. Често ги потиснувате емоциите, бидејќи сметате дека тоа ве прави несовршени. Некогаш имате и напади на бес и нервоза.
Вага
Иако делувате како некој што знае што сака, често сте многу неодлучни за важните одлуки. Колку е поголем изборот, толку повеќе се двоумите. Склони сте кон промени на расположението, а вашите реакции се непредвидливи. Брзо се лутите, а несвесно знаете и да се навредите. Суетни сте и помалку надмени. Знаете да сте и студени и посесивни.
Шкорпија
Вашето таинствено однесување понекогаш тешко се одгатнува, поради што многу луѓе ве доживуваат како степски волк. Иако делувате незаинтересирано, сепак се приметувате, но затоа ретко покажувате како се чувствувате. Кога некој ќе ве испровоцира, знаете да сте непријатни и саркастични, а навредите не ги заборавате.
Стрелец
Вашето расположение е променливо, без оглед на тоа дали претерувате или се повлекувате во себе. Умеете да бидете детинести, непрактични, нетрпеливи и наметливи. Исто така, да бидете и многу тврдоглави и склони кон расправии. Во работата често сте неефикасни, а во љубовта површни и едно зборувате а друго правите.
Јарец
Работата и кариерата ги ставате во прв план. Статусот ви е многу важен, често сте опседнати со успехот и сакате да доминирате. Конзервативни сте и тврдоглави, а разумот често ви управува со срцето. Склони сте кон кавги, а знаете да бидете и злопамтило. Имате проблем со покажување на емоции, особено ако сте жена.
Водолија
Егоцентрични сте, бунтовни и мислите дека се знаете најдобро. Непредвидливи сте, и немате многу трпение. Премногу сте љубопитни за да останете верни, а уживате во флертот секаде.
Риби
Вашата суета е нагласена, пречувствителни сте и мислите само на себе си. Сметате дека сте несфатени, па често се изолирате од светот. Вашата непрактичност често знае да ви создаде проблеми.