Започнувањето на денот со лажичка мед одсекогаш бил лек за зајакнување на имунитетот, но доколку медот го измешате со црно семе, можете додатно да го заштитите организмот од бактерии и вируси.
Црното семе со години се употребувало во традиционалната медицина во Индија и Северна Африка. Го нарекувале зачинот со илјадници лековити својства кој лекува се освен смртта. Овој зачин бил откриен од неодамна од лекарите на алтернативната медицина, имунолози и фармацевти.
Кога црното семе ќе го измешате со мед, ќе добиете мелем за организмот кој е корисен за зајакнувањето на имунолошкиот систем и е добар третман за многу болести.
Овој лек го намалува зголемениот крвен притисок и со тоа допринесува за здраво функционирање на кардиоваскуларниот систем. Допринесува здравје на белите дробови и горниот респираторен систем, а се покажал и корисен за лекување на асма и бронхитис.
Исто така, можете да лекувате акни, стомачни болки, целулит, настинки, болки во зглобовите.
Смесата можете лесно да ја подготвите и сами, а доволно е да ги здробите семињата и да ги измешате со медот. Се препорачува да се конзумираат една до две мали лажички секое утро на празен стомак или пред доручекот. Овој мед мора да се кознумира со дрвена или пластична лажица. Доколку смесата ви е јака, потоа можете да се напиете топол чај.
извор:точка.мк